Педесетгодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 28 октомври во 20:40 часот. Во пешакот удрило патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот Ф.А. од Скопје.Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Сподели го овој напис
