Полицијата во Гостивар приведе 60-годишен маж кој бил баран со судска наредба за издржување едногодишна затворска казна за разбојничка кражба.Според Министерството за внатрешни работи, А.Ц. бил приведен на 28 октомври, во 15:45 часот, на улицата „Боге Вељаноски“ во Гостивар. Тој бил осуден за кривично дело „разбојничка кражба“ според член 238 од Кривичниот законик.По приведувањето, мажот бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Тетово“ за издржување на казната.
Сподели го овој напис
