Четириесет и шестгодишен жител на тетовското село Селце бил лишен од слобода откако полицијата при претрес на неговиот дом пронашла марихуана.Според МВР, на 27 октомври полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес со судска наредба во домот и помошните простории на Т.И. (46), при што била пронајдена и одземена марихуана.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
