74-годишен жител на тетовското село Палатица се здобил со изгореници откако се обидел да изгасне пожар во кој целосно изгорел неговиот автомобил „фолксваген голф“.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 20 октомври во 15:15 часот во СВР Тетово. Пожарот избувнал во нива покрај локалниот пат меѓу селата Палатица и Озормиште.При увидот било утврдено дека сопственикот на возилото, М.С., ја чистел нивата со палење сува трева, по што огнот се проширил и го зафатил паркираниот автомобил. О
Сподели го овој напис
