Мајка пријавила во полиција дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 19 октомври околу 12:15 часот во СВР Скопје. Според пријавата, нападот се случил еден ден претходно, на 18 октомври.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
