Педесет и осумгодишна жена од Радовиш се здобила со тешки телесни повреди откако изгубила контрола над велосипедот со помошен мотор и паднала на коловозот.Според информациите од МВР, несреќата се случила на 19 октомври околу 17:30 часот на улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш.Повредената жена, со иницијали Ж.М., била пренесена во Клиничката болница во Штип, каде што ѝ биле констатирани тешките телесни повреди.Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Радовиш.
Сподели го овој напис
