Двајца млади мажи од Теарце се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Тетово–Јажинце, во селото Доброште.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Тетово на 15 октомври, во 1:50 часот. Патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.М. од Теарце, излетало од патот.Во несреќата тешки телесни повреди претрпеле возачот и неговиот сопатник А.И., исто така од Теарце
Сподели го овој напис
