СВР Тетово поднесе кривична пријава против 65-годишниот Ж.К. од селото Брвеница поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 август годинава, во дворот на семејната куќа, пријавениот запалил отпаден материјал, по што огнот се проширил и зафатил соседна земјоделска парцела.Против него е поднесена кривична пријава.
Сподели го овој напис
