Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение бара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и целосно расветлување на случајот со двајца млади на возраст од 21 и 23 години, кои тврдат дека биле физички малтретирани од полициски службеници.Според соопштението на ДУИ, во интерниот полициски извештај се наведува дека младите му го одзеле пиштолот на полициски службеник. Тие, пак, тврдат дека оружјето завршило во нивното возило откако полицијата го скршила стаклото.
Сподели го овој напис
