Полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле службен разговор со 44-годишен жител на Кавадарци, по претходна пријава дека не постапил согласно решение на Центарот за социјални работи.Од МВР информираат дека на 4 октомври во 14:40 часот, Б.С. бил повикан на службен разговор по пријава дека не ѝ дозволил на својата 38-годишна сопруга да оствари средба со нивните малолетни деца.По целосното расчистување и документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе биде поднесен соодветен поднесок
Сподели го овој напис
