Полицијата во Тетово привела 28-годишен маж по пријава од неговата сопруга дека ја повредил во семејниот дом.Според МВР, на 4 октомври во 16:26 часот полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Т.М. од Тетово.Претходно, неговата 24-годишна сопруга пријавила дека во семејниот дом тој фрлил предмет кон неа и ѝ нанел повреда.Т.М. бил задржан во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
