На 29 септември во СВР Велес било пријавено дека околу 10:45 часот на крстосницата на улиците „Киро Ќучук“, „Белградска“ и „Васил Главинов“ во Велес се случила сообраќајна несреќа.Во несреќата учествувало товарно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот П.С. од Велес, кое удрило во 65-годишната С.Н. од Велес.Жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница Велес.Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Сподели го овој напис
