Трагедија се случила утрово во Берово, каде во пожар во куќа починал 83-годишен маж.Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен во 06:25 часот во ОВР Берово. Огнот избувнал во куќата на С.Б. (83), а бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Берово.Според пријавеното, С.Б. починал како последица на интоксикација од чад. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Берово.На местото извршиле увид јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Берово.
Сподели го овој напис
