На 24 септември во 12 часот на местото викано „Три багреми“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода тројца прилепчани.Станува збор за А.А. (45), Е.А. (46) и Н.А. (19). При извршен преглед кај нив, кај А.А. била пронајдена марихуана.Дополнително, во дворното место од куќата на Е.А. биле пронајдени 18 пакувања марихуана.Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
