24-годишен жител на Копачин Дол е тешко повреден по пад од мотоцикл во дворот од неговата куќа.Случајот бил пријавен на 23 септември во 15 часот во СВР Тетово. Според изјавата на родителот на М.К., тој управувал мотоцикл во дворот, при што во еден момент изгубил контрола над возилото и паднал.По незгодата, 24-годишникот бил пренесен во Ургентниот центар Тетово со тешка телесна повреда.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Сподели го овој напис
