Криминална група инволвирана во криумчарење стоки и коруптивни кривични дела е сузбиена во полициска акција спроведена на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Против осум лица е поднесена кривична пријава, а при претресите биле одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи, цигари и други предмети.Акцијата била спроведена на 21 септември 2026 година под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Сподели го овој напис
