Малолетник бил тешко повреден откако бил физички нападнат од неколку други малолетници во двор на основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров.Случајот бил пријавен на 16 септември околу 21:00 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, нападот се случил по претходна расправија, а меѓу напаѓачите бил и малолетник кого повредениот го познавал.Во нападот малолетникот се здобил со тешки телесни повреди.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
