Пожар избувнал на паркиран багер во близина на стадионот во тетовското село Глоѓи, при што била зафатена кабината и инсталацијата на работната машина.Како што информира МВР, случајот бил пријавен на 13 септември во 10 часот во СВР Тетово од И.М. (44) од Глоѓи. Багерот бил сопственост на месната заедница.Пожарот бил изгаснат од пријавителот и други лица. Во инцидентот нема повредени лица.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.
Сподели го овој напис
