На 8 септември 2026 година, во 18:50 часот, на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.К. (54) од Скопје.Според МВР, тој претходно управувал патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, при што изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска жардињера.При извршениот увид и направените проверки било констатирано дека 54-годишникот го управувал возилото под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 2,2 промили алкохол во крвта.
Сподели го овој напис
