Две лица биле затекнати при бесправна сеча на дрва во местото Бунец, во близина на хелиодромот, во Маврово.Од МВР информираат дека на 4 септември во 18:30 часот полициски службеници од Полициското одделение Маврово ги затекнале лицата на местото на настанот.Еден од нив, В.Н. (38), државјанин на Албанија, бил лишен од слобода бидејќи не поседувал документи за идентификација.Увид извршила екипа на ОВР Гостивар, а полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Сподели го овој напис
