23-годишна жена од Куманово е лишена од слобода откако полицијата постапувала по пријава дека питачела на наплатната станица Романовце, при што со себе го имала и своето едномесечно бебе.Од МВР информираат дека полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Д.Р. на 2 септември, во 18 часот.Жената била приведена во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели го овој напис
