Пожар избувнал во објект-работилница во Градскиот парк во Скопје, при што бил зафатен дел од кровната конструкција.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 29 август во 20:45 часот во СВР Скопје. Објектот е во сопственост на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.Припадници на Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирале и го изгаснале пожарот. Во инцидентот нема повредени лица.На местото бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Сподели го овој напис
