Полициски службеници од СВР Тетово привеле 27-годишен жител на тетовското село Мала Речица, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 11 јуни припадници на Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода М.К. (27) од Мала Речица.При претресот во неговиот дом и помошните простории, извршен врз основа на судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.Полицијата продолжува со активностите за откривање и сузбивање на недозволената трговија со дрога на подрачјето на тетовскиот регион.
Сподели го овој напис
