Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: МВР со алармантни податоци – 191 кривично дело за семејно насилство за еден месец
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Тинејџери ограбиле 70-годишен струмичанец, поднесена кривична пријава
МВР
Приведени 10 возачи за безобѕирно возење, меѓу нив и двајца малолетници
МВР
Малолетник удрил со тротинет во паркиран автомобил, заврши со тешки повреди
МВР
15-годишник тешко повреден по пад од велосипед во Свети Николе
МВР
Кривична за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

МВР со алармантни податоци – 191 кривично дело за семејно насилство за еден месец

Претрес.мк
Последни промени 05/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на мај 2026 година се регистрирани 191 кривично дело поврзано со семејно насилство, што претставува зголемување од 70,5 проценти во споредба со истиот месец лани.Според податоците на МВР, најголем дел од пријавените дела се однесуваат на телесна повреда, вкупно 130 случаи, како и 52 случаи на загрозување на сигурноста. Во текот на месецот е регистрирано и едно убиство поврзано со семејно насилство на подрачјето на СВР Битола, како и две тешки телесни повреди.Најголем број случаи се евидентирани на подрачјето на СВР Скопје, каде што биле пријавени 62 кривични дела.Во мај биле поднесени 137 кривични пријави, што е за 71,3 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година. Мерки на кривичен прогон биле преземени против 144 сторители, а како жртви се евидентирани 143 лица.По брза постапка биле поднесени 18 кривични пријави, за 15 лица е одреден притвор, а за 48 се изречени мерки на претпазливост. Во споредба со мај 2025 година, бројот на кривични пријави поднесени по брза постапка е зголемен за 800 проценти.Во текот на месецот биле регистрирани и 19 прекршоци поврзани со семејно насилство, најчесто за физички напад и нарушување на јавниот ред и мир, како и 499 поплаки од граѓани, најмногу на подрачјата на СВР Скопје и СВР Штип.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Тинејџери ограбиле 70-годишен струмичанец, поднесена кривична пријава
Приведени 10 возачи за безобѕирно возење, меѓу нив и двајца малолетници
Малолетник удрил со тротинет во паркиран автомобил, заврши со тешки повреди
15-годишник тешко повреден по пад од велосипед во Свети Николе
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад