МВР информира дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривични пријави против Н.Д.(63) и М.Д.(36), двајцата од селото Црник.Против Н.Д. е поднесена пријава поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка и караница“, додека М.Д. се сомничи за кривично дело „насилство врз дете“.Според полицијата, на 13 мај 2026 година, по претходна расправија, дошло до физичка пресметка, при што првопријавениот со дрвен предмет му нанел повреди на Б.Д.Во инцидентот, второпријавениот физички нападнал малолетник и му нанел повреда.
Сподели го овој напис
