Министерство за внатрешни работи соопшти дека на 21 мај 2026 година околу 15 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.М.(20) од Шуто Оризари, со привремен престој во Гостивар.Лицето било барано по потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување затворска казна во траење од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“.Според полицијата, С.М. се сомничи и за други кривични дела „тешка кражба“, извршени во текот на претходниот ден во куќи на подрачјето на Гостивар.По приведувањето, тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на затворската казна.
Сподели го овој напис
