Полициски службеници од ОВР Прилеп привеле 45-годишен прилепчанец откако се обидел да избега при сообраќајна контрола.Според информациите од СВР Битола, на 19 мај околу 23:45 часот на улицата „Кораб“ во Прилеп, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(45) од Прилеп.Наместо да застане, возачот ја зголемил брзината и се обидел да побегне, но набргу бил запрен од полицијата.По извршените проверки било утврдено дека управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта.По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели го овој напис
