Вечерва во „Претрес“ — адвокатката Ивана Коцевска, бранител на Дејан Јованов-Деко и Михаил Јованов во случајот „Пулс“.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: 63 мртви. Стотици повредени. Обвинение полно со тешки наводи: фалсификувани лиценци, затворени излези, пиротехника, пренатрупаност, незаконски пренамени, леснозапаливи материјали, врски со инспекции, мито, пропусти што со години никој „не ги видел“.Но одбраната тврди: не се виновни.Како е можно локал со години да работи со толку сериозни пропусти?Кој носел одлуки?Кој знаел?Кој молчел?И може ли некој што 13 години управува со ноќен клуб да тврди дека „не знаел“ што се случува во неговиот објект?Ќе се отвори и:– „тефтерот“ на Деко– фејк лиценцата– пораките и инспекторите– критичната вечер– пиротехниката– затворениот излез– сведочењата– прашањата на родителите кои ги загубија своите децаЌе има и прашања што ретко кој се осмелува да ги постави:Дали трагедија од вакви размери може да биде „само несреќен случај“?И дали системскиот криминал ги брише личната и моралната одговорност?
Сподели го овој напис
