Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Во живо) Јане Ченто: Ниско е да се докажувам со Вилма Русковска кој е поголем патриот, таа треба прва да одговара за неделата
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Починат 58-годишен маж пронајден на улица во Гостивар
МВР
Пукано во автомобил во движење на патот Дебреште – Врапчиште
МВР
На скопскиот аеродром кај патник од Норвешка пронајден дел од ловечко оружје
МВР
Телефонски се заканувал на вработени во странска амбасада, радовишанец упатен на психијатриско набљудување
МВР
Татко натепал 12-годишниот син
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

(Во живо) Јане Ченто: Ниско е да се докажувам со Вилма Русковска кој е поголем патриот, таа треба прва да одговара за неделата

Претрес.мк
Последни промени 06/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Јане Ченто, кој беше правосилно осуден на 13 години затвор за настаните на 27 април 2017 година, ексклузивно е гостин во „Претрес со Ландов”.Тој беше осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок за инцидентите во Собранието. Ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска и најавува вистинска правда за 27 април бидејќи Апелациониот суд донесе одлука со која не го прифати барањето за повторно судење на осудените за насилството при упадот во Собранието. Тој зад решетки беше осум години, а тврди дека е неправедно осуден и бара вистинска правда, затоа никогаш не се откажал, како што вели, и од затвор се борел да падне претходната власт.„Правосудството 25 години е рак-рана на ова општество. 27 април беше монтиран политички процес. Преку нас беше удрено врз Македонија”, вели Ченто.За веста објавена минатата година, во ноември месец, дека станал сопственик на градежна фирма во Прилеп, која веќе поседува барем десетина станови, вели дека влегол со удел од 10 проценти, но немаат почнато со некој голем проект.До 2015 бил вработен во Владата, а потоа во Прилеп во УЈП.Јас сум активен член на ВМРО-ДПМНЕ. Немам поврзаност со Миле Јанакиевски. Додека лежевме во затвор, Вилма Русковска беше вовлечена во операцијата за менување на името. Ниско е да се споредувам со Русковска кој е поголем патриот. Таа беше најревносен извршител. Таа треба прва да одговара за сите недела што ни се направија. Надвор од памет е да ме судат за терористичко загрозување”, вели Ченто.Јане Ченто е правнук на Методија Андонов Ченто, борец и прв претседател на Президиумот на АСНОМ и прв претседател на Македонија, се борел за самостојна и обединета Македонија, но поради судирот со тогашните власти бил осуден на 11 години затвор.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Починат 58-годишен маж пронајден на улица во Гостивар
Пукано во автомобил во движење на патот Дебреште – Врапчиште
На скопскиот аеродром кај патник од Норвешка пронајден дел од ловечко оружје
Телефонски се заканувал на вработени во странска амбасада, радовишанец упатен на психијатриско набљудување
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад