Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) МВР со детали за пожарот во Карпош: изгореа „ауди“ и „пежо“, оштетен и семафор
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Малолетник приведен во Тетово, осомничен за кражби во црква и две џамии
МВР
Италијански државјанин ограбен во центарот на Скопје, му одзеле часовник и пари
МВР
Во Кондово опожарено возило во двор на семејна куќа
МВР
Неексплодирана граната пронајдена на градилиште на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје
МВР
24-годишно момче пронајдено починато во семејниот дом
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) МВР со детали за пожарот во Карпош: изгореа „ауди“ и „пежо“, оштетен и семафор

Претрес.мк
Последни промени 26/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Две патнички возила целосно изгореа утринава во скопската населба Карпош, а од пожарот е оштетен и семафор, информираат од Министерството за внатрешни работи, додека истрагата за причините е во тек.Според официјалните информации, на 26.04.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“ биле опожарени патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К. (58), како и патничко возило „пежо 307“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К. (25). Повредени лица нема.„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.Претходно беше објавено дека пожарот избувнал на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет, каде биле паркирани десетици возила, што создало ризик од поголема материјална штета. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, огнот бил локализиран и спречено било негово проширување кон останатите автомобили и околните објекти.Станари од околните згради сведочат дека пред да го забележат пожарот слушнале звуци налик на пукање и почувствувале силен и непријатен мирис, по што излегле надвор и го виделе огнот.Во непосредна близина на местото на настанот се наоѓа и Амбасадата на Унгарија, но засега нема информации дека објектот бил загрозен.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Малолетник приведен во Тетово, осомничен за кражби во црква и две џамии
Италијански државјанин ограбен во центарот на Скопје, му одзеле часовник и пари
Во Кондово опожарено возило во двор на семејна куќа
Неексплодирана граната пронајдена на градилиште на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад