Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Малолетник и 30-годишник приведени, изгореа автомобили, a раскопан бил и гроб – низа случувања во Куманово
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Жена пронајдена почината во стан во Скопје, телото предадено на обдукција
МВР
Ја нападнал сопругата, па го нападнал и малолетниот син – приведен кумановец
МВР
Четворица повредени во судир на „шаран“ и возило на МВР на патот Гостивар–Кичево
МВР
Почина шестмесечно бебе од скопско, не се забележани траги на насилство
МВР
Тешко повреден 71-годишен велосипедист во сообраќајка на „Франклин Рузвелт“
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Малолетник и 30-годишник приведени, изгореа автомобили, a раскопан бил и гроб – низа случувања во Куманово

Претрес.мк
Последни промени 21/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Кражби со употреба на сила, пожар на паркирани возила и раскопување гроб во црковен двор – три одделни случаи се пријавени во кумановско во изминатото деноноќие.МВР информира дека на 20 април 2026 година околу 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.Р. (30) и 15-годишник, двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во деловен објект на улицата „Народна револуција“, од каде одзеле повеќе предмети, а се обиделе да одземат предмети и од приватен имот на улицата „Веселин Маслеша“. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува пријава.Во друг случај, на 21 април 2026 година во 01:11 часот било пријавено дека на улицата „Никола Вапцаров“ избувнал пожар во две паркирани возила – „опел“, сопственост на Е.Ф., и „фолксваген тигуан“, сопственост на А.С., даден на користење на В.М., сите од Куманово. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила полицијата.Дополнително, на 20 април во 18:10 часот било пријавено дека во двор на црква во селото Карпино, општина Старо Нагоричане, било извршено раскопување на гроб кој има назнака на културно наследство, при што бил оштетен.Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Жена пронајдена почината во стан во Скопје, телото предадено на обдукција
Ја нападнал сопругата, па го нападнал и малолетниот син – приведен кумановец
Четворица повредени во судир на „шаран“ и возило на МВР на патот Гостивар–Кичево
Почина шестмесечно бебе од скопско, не се забележани траги на насилство
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад