Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Ленче Ристоска поднесе оставка, заминува од Обвинителството: Нема услови за работа
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Седум возачи уапсени за безобѕирно управување, петмина возеле без возачка дозвола
МВР
Лажно пријавила дека од домот ѝ бил украден накит вреден 3.000 евра, кривична за 24-годишна девојка
МВР
Удрил во ограда и се превртел на автопатот Велес – Скопје, тешко повреден 59-годишен возач од Чешка
МВР
Тетовец запалил отпад во дворот, огнот се проширил на соседна земјоделска парцела
МВР
Изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот, 58-годишник тешко повреден
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Ленче Ристоска поднесе оставка, заминува од Обвинителството: Нема услови за работа

Претрес.мк
Последни промени 02/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Јавната обвинителка Ленче Ристоска поднесе оставка од функцијата, наведувајќи дека повеќе не постојат услови за независно и принципиелно извршување на обвинителската должност.Во своето обраќање, Ристоска посочува дека обвинителската функција ја доживувала како повик и можност за подобрување на системот, но дека во текот на кариерата се соочувала со сериозни опструкции – институционални и лични.Таа наведува дека работата на високопрофилни случаи носи притисоци од моќни структури кои, како што вели, користат влијание за да избегнат одговорност. Според неа, низ годините имало влијание врз сведоци, притисоци, законски измени, како и чување предмети во фиока со цел нивно застарување.Ристоска истакнува дека се кандидирала за државен јавен обвинител со цел да придонесе од раководна позиција, но дека последните одлуки на Советот на јавни обвинители и на државниот јавен обвинител дополнително ја влошиле состојбата.Според неа, отфрлањето на претставката за напад врз нејзиниот интегритет и повлекувањето на овластувањата за застапување во клучни предмети во завршна фаза претставуваат сериозен ризик за исходот на случаи поврзани со висока корупција и криминал.„Овие постапки се спротивни на визијата за обвинителство ослободено од политички влијанија, кое го штити јавниот интерес и своите професионалци“, наведува Ристоска.Поради, како што посочува, отсуство на простор за работа во согласност со нејзините принципи, таа донела одлука да се повлече од функцијата, изразувајќи благодарност до сите кои ја поддржувале нејзината работа.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Седум возачи уапсени за безобѕирно управување, петмина возеле без возачка дозвола
Лажно пријавила дека од домот ѝ бил украден накит вреден 3.000 евра, кривична за 24-годишна девојка
Удрил во ограда и се превртел на автопатот Велес – Скопје, тешко повреден 59-годишен возач од Чешка
Тетовец запалил отпад во дворот, огнот се проширил на соседна земјоделска парцела
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад