Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија – поднесена кривична пријава
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
За едно деноноќие приведени 24 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола
МВР
Возел мотор со 1,93 промили алкохол и забрана за возење – приведен 32-годишник од Ресен
МВР
11 лица приведени во акции против дрога, таблети пронајдени и во Идризово
МВР
Запалил сува трева, па предизвикал пожар во велешко – приведен 61-годишник
МВР
Управител прикажувал непостоечки расходи, избегнал да плати над 2,3 милиони денари данок
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија – поднесена кривична пријава

Претрес.мк
Последни промени 01/04/2026
Претрес.мк
Сподели

ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Д.М.(56) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“ и против К.М.(33) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „несовесно работење во службата“, „уцена“ и „попречување на правдата“.Имено, во периодот од 2021 до 2025 година, двајцата како вработени во ловечко друштво „ЗЛД Вардар“ Неготино, издавале дневни дозволи за лов за ловишта „Корешница“ и „Бесвица“, иако немале договор за концесија за тие ловишта, односно направиле договор „закуп под закуп“ спротивно на законските одредби. Паричните средства од гости ловци, странски државјани ловци и членарината од членовите , пак ги земале во готовина без да издадат соодветен документ. Дел од парите ги внесувале на сметката на друштвото како донација, а останатиот дел го задржувале за себе. Тоа го правеле на тој начин што кога на камерите од видео надзорот забележувале лица што вршат незаконит лов им барале одреден паричен надомест да уплатат на сметката на ловечкото друштво како донација за да не ги пријават во полиција. Потоа, Д.М. во својство на претседател на друштво, и К.М., без оправданост подигнувале пари од сметката на друштвото и ги задржувале за себе. Дополнително, К.М. вршел уцена кон лица што вршеле незаконит лов и влијаел на сведоци во постапката за докажување на кривичното дело „уцена“ , наведувајќи ги на давање лажен исказ.Со извршените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од 2.573.655 денари. Со судски наредби биле извршени претреси во дом и помошни простории кај двете лица, како и во просториите на ловечкото друштво, при што биле пронајдени и одземени документи поврзани со работата на друштвото. За време на тој период, дел од членовите на управниот одбор на друштвото, согледувајќи ги ваквите дејствија си поднеле оставка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

За едно деноноќие приведени 24 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола
Возел мотор со 1,93 промили алкохол и забрана за возење – приведен 32-годишник од Ресен
11 лица приведени во акции против дрога, таблети пронајдени и во Идризово
Запалил сува трева, па предизвикал пожар во велешко – приведен 61-годишник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад