„Тие се тивката, но суштинска поддршка на правдата и заслужуваат признание, почит и континуирано унапредување на условите за достоинствена и професионална работа“ – ова е клучната порака што ја испрати Даниела Димовска, в.д. претседател на скопскиот Основен кривичен судпо повод Денот на правосудството.По тој повод, во судот беше потпишан колективен договор со судската администрација, со што се става акцент на нивната улога во функционирањето на правосудниот систем.Од судот нагласуваат дека без посветената и професионална работа на администрацијата, судството практично не би можело да функционира, потенцирајќи дека токму тие се основата врз која се одвива секојдневната работа на институцијата.Во рамки на одбележувањето на Денот на правосудството, беа доделени и благодарници на пензионирани вработени од 2025 и 2026 година, како признание за нивниот долгогодишен придонес и професионалност.Од Основниот кривичен суд Скопје посочуваат дека овој ден е потсетник за заедничката одговорност на сите чинители во правосудството, со цел обезбедување ефикасен, транспарентен и праведен систем, како и зајакнување на довербата на граѓаните.
Сподели го овој напис
