Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Дехари од ДУИ го оштетил буџетот на Кичево за 1,4 милиони денари како градоначалник, откриени злоупотреби со јавни набавки, вели МВР
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Беше обвинител, стана судија, судеше за притвори во „27 април“, сега правораздава за Рашковски: кој е предложениот републички обвинител Савески
Судии и обвинители
Скопјанец ограбен на автобуска во Волково
МВР
Драма во Велес: Поранешниот партнер и упаднал во домот, ја истепал, па го нападнал дечко и со електрошок
МВР
Четворица приведени во Шуто Оризари – се заканувале и нападнале 69-годишна жена со тврд предмет
МВР
Приведени осум возачи за безобѕирно управување, двајца предизвикале сообраќајни незгоди
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Дехари од ДУИ го оштетил буџетот на Кичево за 1,4 милиони денари како градоначалник, откриени злоупотреби со јавни набавки, вели МВР

Претрес.мк
Последни промени 26/02/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерство за внатрешни работи информира дека ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари (52) од село Србица, како и против уште две лица и еден правен субјект, поради сомнение за злоупотреби и несовесно работење со кои е оштетен буџетот на општина Кичево за 1.457.205 денари.Против Дехари е поднесена пријава за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според полицијата, на 8 јануари 2025 година, во својство на градоначалник, тој донел план за јавни набавки за 2025 година спротивно на одредбите од Законот за комунални дејности.Иако општината има јавно комунално претпријатие, сите комунални дејности биле доверени на пријавеното правно лице со седиште во Длапкин Дол, со намера, како што наведува МВР, да се стекне со поголема имотна корист на штета на општинскиот буџет.Второпријавениот, Б.К. (46) од село Аранѓел, се товари за „несовесно работење во службата“, како одговорно лице задолжено за одржување на зелени површини, поради пропуштање должен надзор и несовесно постапување.Третопријавениот, Д.С. (41) од село Длапкин Дол, управител на правното лице, е осомничен за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, односно дека свесно ги повредил прописите во постапката.Според полицијата, вкупно исплатените средства за одржување на зеленилото околу зградата на општината изнесуваат 1.457.205 денари, со што е нанесена штета на буџетот на општина Кичево.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Беше обвинител, стана судија, судеше за притвори во „27 април“, сега правораздава за Рашковски: кој е предложениот републички обвинител Савески
Скопјанец ограбен на автобуска во Волково
Драма во Велес: Поранешниот партнер и упаднал во домот, ја истепал, па го нападнал дечко и со електрошок
Четворица приведени во Шуто Оризари – се заканувале и нападнале 69-годишна жена со тврд предмет
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад