Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Спасувачка акција над Лазарополе: заглавени работници изгубиле и телефонски контакт, полицајци цела ноќ ги барале и извлекувале
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Граничниот премин Ново Село
МВР
Кривична за 44-годишен охриѓанец, изградил куќа без одобрение
МВР
Жител на Дебар незаконски поставил помошен објект на државна парцела
МВР
Полициски службеник, преку мобилна апликација споделувал службени тајни
МВР
Пешак загина откако во него удрил камион во Велес
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Спасувачка акција над Лазарополе: заглавени работници изгубиле и телефонски контакт, полицајци цела ноќ ги барале и извлекувале

Претрес.мк
Последни промени 11/01/2026
Претрес.мк
Сподели

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 биле успешно извлечени откако синоќа останале заглавени во длабок снег над селото Лазарополе, во близина на базна станица на операторот, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Случајот бил пријавен во СВР Тетово вчера околу 23:30 часот, при што било наведено дека со лицата не може да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, информацијата била проследена до Полициското одделение Ростуше и биле активирани специјализирани спасувачки екипи.

View this post on Instagram

Во акцијата учествувале припадници на Одделот за специјални полициски операции, униформирана полиција при МВР, како и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување. Со две теренски возила опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, тимовите се упатиле кон тешко пристапната локација.

— реклама —

Денеска околу 08:30 часот, лицата биле пронајдени и безбедно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило „VW Amarok“ со скопски регистарски ознаки.

Тие биле лоцирани на местото познато како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на селото Лазарополе.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Граничниот премин Ново Село
Кривична за 44-годишен охриѓанец, изградил куќа без одобрение
Жител на Дебар незаконски поставил помошен објект на државна парцела
Полициски службеник, преку мобилна апликација споделувал службени тајни
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад