Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Осум месеци мистерија: „Мики, те чекаме брате наш“ – емотивна порака за роденденот на Тодоров
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Возел пијан и без дозвола, па излетал од патот: Приведен 67-годишник од светиниколско
МВР
Пронајдени ловечко оружје, 207 патрони и дивеч од незаконски лов – приведени четворица италијански и еден македонски државјанин
МВР
Еден запалил душек, друг направил пропуст во вршењето на надзорот: Кривични пријави за големиот пожар на депонијата во Кавадарци
МВР
Претрес во Битола: Пронајдени 42 пакувања прашкаста материја, марихуана и дигитална вага
МВР
Марихуана пронајдена при судски претрес во Струмица, приведен 48-годишен маж
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Осум месеци мистерија: „Мики, те чекаме брате наш“ – емотивна порака за роденденот на Тодоров

Претрес.мк
Последни промени 25/10/2025
Претрес.мк
Сподели

Осум месеци по исчезнувањето на 28-годишниот Милe Тодоров од Неготино, неговата судбина и понатаму останува непозната.Тој исчезнал на 30 јануари 2025 година, а последен пат бил виден во селото Марена, во близина на Кавадарци. Според сведоци, бил облечен во работничко одело, бело палто и црн елек.Исчезнувањето на младиот маж предизвика огромна загриженост во јавноста. Семејството и полицијата презедоа интензивни мерки и потрага, во која беа вклучени нуркачи, дронови и волонтери.Во февруари беше пронајден неговиот мобилен телефон покрај реката Луда Мара, на потегот меѓу селата Глишик и Марена — наод што дополнително ја зголеми тревогата кај семејството.Според неговата сестра, Марија Атанасиевиќ, постоеле наводни забележувања на лице со сличен опис во пределот на планината Серта – видно ослабено, со подолга коса и брада. Таа апелираше до граѓаните доколку забележат лице со вакви карактеристики веднаш да пријават во полиција.Вчера, неговата навивачка група „Винари“ упати емотивна порака по повод роденденот на исчезнатиот пријател:„Среќен роденден на нашиот брат Скeчо, кој сè уште е исчезнат и за кого нема никаква информација до денес.МИКИ, ТЕ ЧЕКАМЕ, БРАТЕ НАШ ❤️“И покрај изминатото време, потрагата не е запрена. Полицијата продолжува со истрагата, а семејството не губи надеж дека Милe ќе биде пронајден жив и здрав.„Се надеваме дека ќе го прегрнеме повторно. Го молиме секој што има било каква информација – нека се јави. Секоја минута е важна,“ порачува семејството.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Возел пијан и без дозвола, па излетал од патот: Приведен 67-годишник од светиниколско
Пронајдени ловечко оружје, 207 патрони и дивеч од незаконски лов – приведени четворица италијански и еден македонски државјанин
Еден запалил душек, друг направил пропуст во вршењето на надзорот: Кривични пријави за големиот пожар на депонијата во Кавадарци
Претрес во Битола: Пронајдени 42 пакувања прашкаста материја, марихуана и дигитална вага
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад