Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Избегал пет дена пред експлозијата во Белград: Мартин Сипковски имал криминално досие со тешки дела – бил осуден за обид за убиство на 7 години затвор
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пијан удрил во паркирано возило, па доби кривична пријава
МВР
Полицајка осомничена за оддавање службена тајна: Открила тајна акција со дрон
МВР
Кумановец фатен во нелегална трговија со заштитени историски предмети
МВР
Закани по живот за непостоечки долг: Тројца скопјани осомничени за изнуда од 50.000 евра
МВР
Полицајка осомничена дека открила информации за полициска акција со дрон
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Избегал пет дена пред експлозијата во Белград: Мартин Сипковски имал криминално досие со тешки дела – бил осуден за обид за убиство на 7 години затвор

Претрес.мк
Последни промени 08/10/2025
Претрес.мк
Сподели

Младиот Мартин Сипковски кому му експлодирал експлозив и загинал во Белград, има дебело досие на само 21 година, во Македонија. Во него се вбројуваат кривични дела како насилство, разбојништво, предизвикување општа опасност. Во јавноста речиси и да нема детали за негово криминално портфолио, се додека српските медиуми не излегоа со информацијата дека загинал откако несоодветно ракувал со експлозивот, наводно наменет, за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал. Од Обвинителството за „Скопје1“ посочуваат дека Сипковски е веќе осуден на 7 години и 6 месеци затвор, пресуда која не е правосилно за обид за убиство.„Основното јавно обвинителство Скопје против осомничениот поведе истрага за кривично дело – Убиство (во обид) извршено на 15.09.2024 година во зграда на булевар "Јане Сандански", при извршен напад со нож на едно лице, а надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје веднаш по лишување на осомничениот на 29.09.2024 година поднесе предлог за определување мерка притвор. Прифаќајќи дел од аргументите на одбраната, пред се во поглед на личноста на обвинетиот, судијата на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството и определи мерка куќен притвор и привремено одземање на патната исправа. Надлежниот јавен обвинител го обжали ваквото решение, но жалбата беше одбиена. На 26.12.2024 година, по спроведена истрага, ОЈО Скопје поднесе обвинение за кривично дело – Убиство (во обид), а по спроведена судска постапка, на 03.06.2025 година обвинетиот е огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 7 години и 6 месеци, при што со одлука на Судот мерката куќен притвор е продолжена до правосилност на пресудата“, велат од Обвинителството.Обвинителот за „Скопје1“ посочува дека на 25 септември биле првпат известени дека Сипковски не е пронајден во неговиот дом. Ова е една недела пред да се случи трагедијата во Белград. Ова би значело дека тој успеал и нелегално да премине граница.„Согласно тоа Јавното обвинителство во ниту еден момент не е известено за недостапност на обвинетиот, додека на 25.09.2025 година СВР Скопје-БЈБ доставило известување до Судот дека лицето не е пронајдено во неговиот дом, по што Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да ја укине мерката куќен притвор и да определи ефективен притвор за обвинетиот“, велат од Обвинителството.Детали за Сипковски сподели и неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ:

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пијан удрил во паркирано возило, па доби кривична пријава
Полицајка осомничена за оддавање службена тајна: Открила тајна акција со дрон
Кумановец фатен во нелегална трговија со заштитени историски предмети
Закани по живот за непостоечки долг: Тројца скопјани осомничени за изнуда од 50.000 евра
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад