Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Русија е подготвена да одговори на сите закани, додавајќи дека Москва и понатаму го поддржува дипломатскиот пат за смирување на тензиите „и покрај деструктивните политики на Западот“.Говорејќи во пресрет на денешната седница на Советот за безбедност, Путин предупреди на „исклучителна опасност од понатамошно влошување“ на геополитичката ситуација, особено во контекст на војната во Украина.Тој додаде дека Русија понудила „конкретни идеи“ за промена на тој курс, но дека тие „апели и иницијативи не наидоа на јасен одговор“, пренесе Russia Today.„Не смее да има никакво сомневање: Русија е способна да одговори на сите постоечки и новонастанати закани. Не со зборови, туку со примена на воено-технички мерки“, порача Путин.Откажување од мораториумот за проектилиПутин потсети на одлуката на Москва од минатиот месец да се повлече од едностран мораториум за распоредување копнени проектили со среден и пократок дострел. Овој потег го опиша како „принуден чекор“, предизвикан од потребата да се спротивстави на плановите за распоредување американски и други западни проектили во Европа и азиско-пацифичкиот регион.Сепак, Путин нагласи дека Русија не е заинтересирана за воена реторика ниту за „мавтање со оружје“. „Убедени сме во доверливоста и ефикасноста на нашите национални сили за одвраќање, но во исто време не сме заинтересирани за понатамошно подигање на тензиите ниту за поттикнување трка во вооружување,“ рече тој.Тој додаде дека Русија секогаш им давала предност на „политичките и дипломатските методи за одржување на меѓународниот мир, засновани врз начелата на еднаквост, неделивост на безбедноста и заемно почитување на интересите“.

Сподели го овој напис