Активностите на НАТО во Балтичкото Море ја зголемуваат тензијата и носат сериозни безбедносни ризици, предупреди рускиот амбасадор во Белгија, Денис Гончар, пренесе РИА Новости.Според него, честите и обемни воени маневри, меѓу кои и поморската вежба „Балтопс 2025“, претставуваат „исклучително опасни потези“. Гончар особено ја посочи операцијата „Балтичка стража“, во рамките на која НАТО врши инспекции на бродови под изговор за потрага по „руската флота во сенка“.Тој потсети и на 9 септември, кога Литванија најави засилено присуство на војници на границата со Русија и Белорусија како одговор на нивните заеднички маневри „Запад 2025“.Во исто време, на север, во Финска завршија големите воздушни вежби на НАТО – „Атлантик Тридент“ и „Итакаира 2025/2“. Официјалните информации велат дека сценариото вклучувало пробивање на руската воздушна одбрана. На маневрите учествуваа повеќе од 40 борбени авиони и извидувачки беспилотни летала RQ-4D Phoenix, а беа ангажирани сили од Финска, САД, Франција и Велика Британија.Рускиот дипломат нагласи дека ваквите активности на алијансата ја зголемуваат опасноста од директна конфронтација и ја поткопуваат регионалната безбедност. Москва, како што рече, внимателно ги следи настаните и задржува право да реагира на чекори што ги смета за провокација.

Сподели го овој напис