Денеска (21.09.2025) во 17:24 часот е добиена пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планински пат над селото Јеловце, општина Врапчиште. За настанот веднаш биле известени Полициската станица Гостивар и Полициската станица Галате.Пријавата пристигнала преку Едиствениот број за итни повици. Поради тоа што теренот бил тешко пристапен за возило на Итната медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, Мухамед Али, Дирекцијата за оперативни центри испратила барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице.Според првичните информации, повредениот ќе биде транспортирaн до Клиничкиот центар, каде ќе му биде укажана понатамошна медицинска помош.

Сподели го овој напис