Авганистанската влада денеска одговори дека е „неможно“ било каков договор за враќање на поранешната американска база Баграм, откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани со санкции доколку тоа не се случи.„Во последно време некои луѓе велат дека започнале преговори со Авганистан за враќање на базата Баграм. Но договор дури и за еден квадратен сантиметар авганистанска територија е невозможен,“ изјави Фасихудин Фитрат, началник на кабинетот на Министерството за одбрана, пренесоа локалните медиуми.Трамп претходно на платформата Truth Social порача:„Доколку Авганистан не ја врати базата Баграм на оние кои ја изградија, значи на САД – ЛОШИ РАБОТИ ЌЕ СЕ СЛУЧАТ!“Фитрат, не споменувајќи директно САД, објасни дека „некои луѓе“ сакаат повторно да ја заземат базата преку „политички договор“, но нагласи: „Не ни треба тоа.“Базата Баграм, најголемата авганистанска воздухопловна база, беше клучен центар на западните воени операции предводени од САД против талибанците, сѐ до нивното враќање на власт во 2021 година.Трамп за време на државната посета на Велика Британија неочекувано ја спомена идејата за повторно американско преземање на контролата врз Баграм, наведувајќи дека базата е „само еден час оддалечена од местото каде што Кина гради свое нуклеарно оружје“.На новинарско прашање во Белата куќа дали планира да испрати американски сили да ја заземат базата, Трамп одговори: „Не сакаме сега да зборуваме за тоа, но преговараме со Авганистан. Ја сакаме базата назад и тоа веднаш. А ако не ни ја вратат – ќе дознаете што ќе преземам.“

Сподели го овој напис