Компанијата OpenAI воведува нови правила за користење на ChatGPT кај малолетници, со цел да ја зголеми безбедноста на младите корисници. Извршниот директор Сем Алтман изјави дека „безбедноста е поважна од приватноста и слободата за тинејџерите“ и дека тие мора да бидат дополнително заштитени.Алтман најави развој на долгорочен систем за разликување помеѓу корисници постари и помлади од 18 години, при што во сите нејасни случаи ќе се применуваат построги правила.Со новите мерки, ChatGPT повеќе нема да учествува во „флерт разговори“ со тинејџери, а се воведуваат и дополнителни заштитни механизми при разговори за сценарија поврзани со самоубиство. Доколку малолетник користи ChatGPT за да замислува такви ситуации, системот ќе се обиде да стапи во контакт со неговите родители, а во особено сериозни случаи и со локалната полиција, пренесе TechCrunch.Родителите кои ќе го поврзат својот профил со профилот на своето дете ќе имаат можност да поставуваат „време на блокада“ кога ChatGPT нема да биде достапен, како и да добиваат известувања ако системот процени дека тинејџерот е во опасност.Новите мерки доаѓаат по серија тужби поврзани со случај на самоубиство на малолетник, кој повеќе месеци комуницирал со овој четбот.

Сподели го овој напис