Полските власти тврдат дека на 10 септември 19 руски беспилотни летала влегле во нивниот воздушен простор, нарекувајќи го инцидентот намерна провокација со цел да се провери реакцијата на НАТО. Повеќе западноевропски држави во знак на протест ги повикале руските дипломати, а НАТО најави дополнителни воени мерки.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека настанот е дел од веќе познат шаблон, во кој Русија повторно се обвинува без истрага и без докази. Таа додаде дека Варшава го одбила предлогот на Москва за консултации и ги отфрлила информациите доставени од руското Министерство за одбрана.„Ова е уште еден дел од голема информативна кампања насочена кон демонизирање на Русија и мобилизирање дополнителна поддршка за киeвската власт, како и обид за поткопување на политичко решение за украинскиот конфликт,“ изјави Захарова.Руските власти нагласуваат дека беспилотните летала користени против украински воени цели не можеле физички да стигнат до територијата на Полска, сугерирајќи дека можеби станува збор за провокација од Киев со цел директно вовлекување на НАТО во судирот.Захарова посочи и на „коалицијата на дронови“ од 20 држави кои го снабдуваат Киев, обвинувајќи ги нивните членки дека ги игнорираат секојдневните украински напади со беспилотни летала врз руски цивили. Таа нагласи дека во текот на летото и почетокот на септември во такви напади загинале 16 лица, а 116 биле повредени, меѓу кои и деца.„Милитантите на неонацистичкиот киeвски режим постојано користат дронови за лов на беспомошни луѓе, цинично таргетирајќи деца, жени и постари лица, како и станбени згради, здравствени и социјални установи, училишта и продавници,“ рече Захарова, додавајќи дека со испораката на вакво оружје западните држави стануваат соучесници во злосторствата на украинските сили.

Сподели го овој напис