По бруталното убиство на Росица во Велес, која беше ликвидирана заедно со својот татко, од нејзиниот поранешен партнер фоторепортерката Арбнора Мемети на социјалните мрежи објави потресно сведоштво за слична ситуација што се случува во нејзиното соседство.„Полицијата кај нас доаѓа речиси секој втор ден. Ова трае веќе една година. Заспиваме со врисоци на една жена и се будиме со нив. Полицајците доаѓаат, им држат лекции дека не треба да користат насилство, па си заминуваат,“ напиша Мемети.Таа откри и дека лично слушнала разговор меѓу полицаец и дежурен командир, во кој службеникот предупредил дека мора да се преземе нешто„Но, една ноќ доцна навечер слушнав еден полицаец како на телефон му се жали на дежурниот командир дека мора нешто да преземат за овој случај, бидејќи во спротивно е јасно дека e прашање на време кога ќе се случи убиство, а тие ќе одговараат затоа што не го евидентирале случајот. И така, доаѓаат и си одат, ќе доаѓаат и ќе си одат сè додека еден ден навистина не се случи тоа. Работата на МВР не е да посредува и да држи морални предавања за тоа како не треба да се тепаат меѓусебно, туку да делува. Од ваквото постојано однесување страдаат човечки животи.

Сподели го овој напис