Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Протест пред МВР: Росица немаше да биде убиена ако се постапувало, бараме одговорност од обвинители, судии, полицајци
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
По напад од невенчаниот сопруг, 31-годишна жена завршила во болница
МВР
Украдени пари од верски објект во Сарај
МВР
Му ветил дека ќе му помогне да го врати запленетиот накит, па го измамил за 28.700 евра
МВР
Жена од Кочани психички и физички ги малтретирала својата мајка и своето дете
МВР
Фалсификувана зелена карта откриена на Богородица, уапсен турски државјанин
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Протест пред МВР: Росица немаше да биде убиена ако се постапувало, бараме одговорност од обвинители, судии, полицајци

Претрес.мк
Последни промени 19/09/2025
Претрес.мк
Сподели

Пред МВР, граѓани се собраа на протест бидејќи сметаат дека институциите се виновни за фемицидите во Македонија. Иницијалната каписла за ова е убиството на Росица Коцева од Велес, убиена заедно со нејзиниот татко, од страна на поранешниот парнтер Илија кој се самоубил. Присутните упатија барања, „институционална одговорност и санкции, бараме оставки дисциплински постапки за полицајци, обвинители, вработени во Центрите на социјалните работа“. Потоа, упатија порака да се направат обврзувачки протоколи за полицијата, судството, обвинителството, Центрите за социјална работа. На протестот се скандираше: „Ниту една повеќе“.„Се собираме скршени од тага, и разбеснети од колективниот крах на системот, игнорантскиот однос кон жртвите на насилство, кој доведува до фемициди. Се случи уште еден фемицид и сите институции кои минимизираат и релативизираат со години, поттикнуваат и дозволуваат насилство врз жените се виновни. И полицијата, и Центрите за социјална работа, и Обвинителството, и судовите. Образовниот систем наместо да промовира родова еднаквост и емпанија, со својот пристап придонесува кон креирање на сексисти и насилници. Покрај страшната некоординираност, и затајувањето на институциите, кон фемицидирите придонесуваат молкот, стигмата и срамот, немањето чувство за колективна одговорност“, рече активистка.„Росица немаше да биде убиена, ако се постапувало по протоколи, ако криците за помош беа слушнати, а реакциите беа навремени. Доколку сите претходни пријави од нејзиниот убиец, од неговите претходни жртви, беа сфатени сериозно. Каде се тие пријави? Постапил ли некој по нив или растела листата? Државата во која живееме, создава совршени услови, насилниците да просперираат, додека ние се плашиме и криеме, додека се плашиме за нашите животи“, додаде таа.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

По напад од невенчаниот сопруг, 31-годишна жена завршила во болница
Украдени пари од верски објект во Сарај
Му ветил дека ќе му помогне да го врати запленетиот накит, па го измамил за 28.700 евра
Жена од Кочани психички и физички ги малтретирала својата мајка и своето дете
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад