Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Германска истрага откри скопјанец кој дистрибуирал детска порнографија преку „Телеграм“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Со 2,95 промили алкохол го нарушувал редот и мирот на музичка манифестација во Пробиштип
МВР
Малолетник се плашел да се врати кај мајка му која го имала старателството, таткото пријавил насилство
МВР
Дошол со нож во рака, па репетирал и вперил пиштол кон 29-годишник: Ноќна пресметка со закани во Желино
МВР
63-годишен маж со дрвен предмет си го нападнал малолетниот внук
МВР
Гласна музика до раните утрински часови: МВР измери прекумерна бучава во хотел во Охрид, следува пријава
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Германска истрага откри скопјанец кој дистрибуирал детска порнографија преку „Телеграм“

Претрес.мк
Последни промени 22/08/2025
Претрес.мк
Сподели

Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 27-годишниот Ф.М. од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено по член 193-а став 3 од Кривичниот законик.

Акцијата била спроведена по добиена информација од германската полиција за меѓународна истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца, поседување и дистрибуција на материјали со таква содржина. Германските органи доставиле податоци за кориснички профил на апликацијата „Telegram“, со телефонски број и ИП-адреса регистрирани во Македонија.

Врз основа на тие сознанија, Секторот за компјутерски криминал презел мерки за прибирање на докази. На 20 август 2025 година, по наредба на Основниот кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на Ф.М. и неговите помошни простории, како и пребарување на компјутерски системи и податоци. При претресот биле пронајдени и одземени предмети поврзани со случајот, кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа.

Ф.М. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гази Баба, а за случајот е известен надлежен јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Со 2,95 промили алкохол го нарушувал редот и мирот на музичка манифестација во Пробиштип
Малолетник се плашел да се врати кај мајка му која го имала старателството, таткото пријавил насилство
Дошол со нож во рака, па репетирал и вперил пиштол кон 29-годишник: Ноќна пресметка со закани во Желино
63-годишен маж со дрвен предмет си го нападнал малолетниот внук
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад