Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Напишал „не играјте си со оние што немаат што да изгубат“, па го убил внукот и 13-годишниот Милан
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР сè уште води полициски евиденции во тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци
МВР
Тешко повреден 64-годишен велосипедист во сообраќајна несреќа
МВР
Уапсен албански државјанин на Табановце, возел „Волво“ барано од Интерпол
МВР
Тројца турски државјани пријавени за самовластие, со закана со оружје одзеле лаптопи, телефони и пари во Стар Караорман
МВР
Битолчанец и фирма пријавени за даночно затајување, УЈП утврдила долг од над 500 илјади денари
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Напишал „не играјте си со оние што немаат што да изгубат“, па го убил внукот и 13-годишниот Милан

Претрес.мк
Последни промени 13/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Панчо Чупаркоски и неговиот 13-годишен син Милан се жртвите на ликвидаторот Пеце Белото.

Пред да го стори грозоморниот злочин, попладнето во 17 часот, објавил и фејсбук статус со морничава фотографија. Напишал: „Мојата сестра Љуба Чупаркоска и нејзиниот син … Ми украде и одзеде скоро Сее, останатото им го дадов Сам, но… Не играјте си со оние кои што немаат што да изгубат!“. Потоа го извршил злочинот.

Пријавата до МВР, дека ги нема Панчо и Милан, дошла во 21:20 минути, кога се јавила мајката односно сопругата на двете жртви, кои биле ликвидирани со огнено оружје. Во куќата е влезено по повеќе од три часа, кога се најдени безживотните тела на двете жртви, но и на ликвидаторот кој се самоубил.

Вечерта кога се случи грозоморниот настан, ликвидаторот имал именден. Жртвите ги намамил додека бил надвор од домот, а потоа, кога ги внел во неговата куќа, им ги одземал телефоните и им се заканувал. Со него освен огнено оружје, имал и бомба. Засега не е познато во кој дел од денот ги извршил убиствата.

Ликвидаторот има низа контроверзни и морбидни објави на неговиот профил на „Фејсбук“. Ги величи Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, напишал „Човекот е најголемото зло на земјата“.

Сомневањата на обвинителот се дека убиствата се сторени поради семејни недоразбирања кои траеле подолг период, а поврзани со имнотно-правни прашања. Ликвидаторот имал 63 години.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР сè уште води полициски евиденции во тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци
Тешко повреден 64-годишен велосипедист во сообраќајна несреќа
Уапсен албански државјанин на Табановце, возел „Волво“ барано од Интерпол
Тројца турски државјани пријавени за самовластие, со закана со оружје одзеле лаптопи, телефони и пари во Стар Караорман
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад