Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Мотивот зад убиството во Батинци – маж пукал во татко на девојка која одбивала брак
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Земам 90.000 денари плата, но сметам дека е мала, вели обвинителката Раичевиќ која сака да биде шефица
Претрес
(Видео) „Не, не, не“ – д-р Барбов категорично ја отфрли опасноста Ива Михаилова да остане трајно неподвижна
Претрес
МВР со акција низ државата: Осум возачи приведени за безобѕирно управување возило
МВР
Речиси 900 прекршоци со електрични тротинети за еден месец
МВР
Жена пронашла димна бомба во плакар во стан во Аеродром
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Мотивот зад убиството во Батинци – маж пукал во татко на девојка која одбивала брак

Претрес.мк
Последни промени 12/07/2025
Претрес.мк
Сподели

МВР ја откри причината за убиството на влезот од скопското село Батинци кое се случи вчера, а каде што 50-годишниот А.М. им подлегна на прострелни рани откако во него пукал Џ.М., осомничен дека делото го сторил од одмазда поради одбиван предлог за брак.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот е пријавен во 10:15 часот, а жртвата била веднаш пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што околу 11:00 часот починал.

Потресни детали открива ќерката на убиениот, 20-годишната Е.М., која изјавила дека, заедно со нејзиниот татко, биле на Клиниката за неврологија. Таму се обидел да стапи во контакт со неа Џ.М., кој во изминатиот период ѝ се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него. Девојката одбила да комуницира, по што следувал крвавиот епилог.

„Кога тргнале кон домот во с. Батинци, патот им бил попречен од возило од кое излегол Џ.М. и пукал кон А.М.“, информираат од МВР.

Случајот се води како убиство со сомневање за семејно/родово мотивирана омраза, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на околностите и утврдување на мотивите.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Земам 90.000 денари плата, но сметам дека е мала, вели обвинителката Раичевиќ која сака да биде шефица
(Видео) „Не, не, не“ – д-р Барбов категорично ја отфрли опасноста Ива Михаилова да остане трајно неподвижна
МВР со акција низ државата: Осум возачи приведени за безобѕирно управување возило
Речиси 900 прекршоци со електрични тротинети за еден месец
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад