Дете врзано за врат и раце со јаже, обесено на цевка, снимано и малтретирано оти украло пари од маалски дуќан – ваква снимка е објавена на социјалните мрежи која предизвика голема вознемиреност кај граѓаните. Засега нема детали за случајот, а објавувачот посочува дека истата е направена во струмичко Ново село.
На почетокот, лицето кое го врзало детето, го прашува „Зошто си така врзан?“, тоа вика „Земав пари“, тој вика „Зема или украде?“, а тоа одговара „Зема“.
Потоа, го прашува детето што им направил на парите, а тоа одговара „земав да јадам“. На потпрашање „каде се другите пари“, тоа одговори…
Детето вели дека секојпат крадело, па вели дека нема да краде.
„Нема да крадам, пушти ме“, вели детето, а тој одговара „нема пуштање, кажах ти“.
Се слуша како детето вика и плаче, додека човекот го снима и испрашува.
„Можеш ли малку да ме олабавеш?“, прашува детето, а тој вели „Не“.
„Скопје1“ го испрати видеото до полицијата, оттаму чекаме детали. Од објавувачот на видеото, побаравме детали каде било првично споделено и од кое лице, како и кога е снимено.